Израел тврди дека е вакцинирано 50% од населението

15

Израел со една доза од вакцина против коронавирусот вакцинираше скоро 50% од вкупно 9,3 милиони жители, изјави израелскиот министер за здравство, Јули Еделстајн.

Израел ги брои и Палестинците од источен Ерусалим, кои беа вклучени во кампањата за вакцинирање што започна на 19-ти декември, како дел од својата популација. Палестинците од окупираното Западно крајбрежје и појасот Газа не се дел од израелската кампaња за вакцинирање.

Еделстајн рекол дека 35% од израелската популација примиле две дози од вакцината Pfizer, овозможувајќи им таканаречени “зелени пасоши“ со пристап до места за рекреација коишто земјата етапно ги отвора.

Фото: Pexels