Израел тврди дека има лек против коронавирусот

66

Лек развиен во медицинскиот цента Ichilov во Израел го подобрува имунолошкиот одговор и помага во спречување на смртноста, покажува првата фаза од истражувањето во коешто 29 од 30 пациенти си заминале од болница за три до пет дена, пишува Times of Israel.

Лекот под името EXO-CD24 се применува така што пациентот директно го вдишува во белите дробови на неколку минути еднаш дневно и тоа во период од пет дена и така ја прекинува таканаречената цитокинска бура што ја предизвикува SARS-Cov-2.

Цитокинската бура претставува опасен воспалителен процес што има за последица прекумерна реакција на имунолошкиот систем, а којашто може да биде предизвикана од различни патогени, вируси, бактерии, но и автоимуни болести.

Од 30 пациенти кои биле во умерена до тешка здравствена состојба, 29 излегле од болница за три до пет дена. Последниот пациент, исто така, закрепнал, но му бил потребен подолг временски период.

“Дури и ако вакцините си ја завршат својата работа, дури и ако нема нови мутации, коронавирусот и понатаму ќе остане со нас. Поради тоа го развивме овој единствен лек. Ова е настан без преседан. Поминаа околу шест месеци од моментот кога го направивме концептот за лекот и технологијата додека да биде тестиран на луѓе во првата фаза од клиничкото истражување“, вели професор Надир Арбер, еден од научниците и лекарите кои учествуваат во создавањето на овој лек.

Иновативниот лек е наменет за пациенти со умерена до критична состојба да не се дозволи да им се влоши здравјето.

Фото: Freepik