Израел: Вакцината подеднакво добрa во “реалниот свет“ како во клиничките испитувања

19

На основа на повеќе податоци од израелската програма за вакцинирање се заклучува дека вакцината на Pfizer против коронавирусот спречи 94% од симптоматските инфекции, наведува ВВС, цитирајќи израелски лекар од службата за јавно здравје.

Тоа укажува дека вакцината е подеднакво ефикасна на голема популација во “реалниот свет“ како што се покажа во клиничките испитувања.

“Вакцината е високо ефикасна во спречување на болест и тешки облици на Ковид-19 кај сите возрасни групи. Клучен беше високиот процент на вакцинирање на најчувствителните групи“, изјави лекарот Хагаи Левин.

Израел е прва земја во светот што ги воочува резултатите од кампањата за вакцинирање, а беше потребно да се вакцинираат голем број луѓе што траеше неколку недели. Најголем пад на заразата има кај постарите од 60 години, кои меѓу првите беа вакцинираните.

Израел досега вакцинираше една четвртина од своето население.

Фото: Pexels