Израелска компанија би можела да се вклучи во производство на вакцини

22

Израелската фармацевтска компанија Teva Pharmaceuticals, сопственик на хрватска Pliva, разговара со производителите на вакцини против коронавирусот за вклучување во производството, изјави извршниот директор Кар Шулц.

Најголемиот производител на генерички лекови во светот не открива со кои компании ги води преговорите.

“Точно е дека разговараме со изворните производители на вакцини. Ништо не е заклучено. Начелно сме подготвени да помогнеме во производство на одредени одобрени вакцини или оние кои допрва треба да добијат одобрение“, изјави директорот на израелската компанија.

Teva му е партнер на Pfizer во кампањата за вакцинирање против коронавирусот во Израел. Компанијата има 61 производен погон ширум светот, а во план е продажба на 11 од нив.

Фото: Freepik