Израелската компанија Water – Gen дизајнираше машина којашто има за цел да ја апсорбира водата во воздухот и ја претвора во вода за пиење, пишува Business Insider.
Машината користи систем на “пластични ливчиња“ што го движат воздухот во неколку насоки, а генераторите создаваат чиста вода за пиење.
“Целта е да се екстрахира водата од воздухот со минимална енергија. Ние веруваме дека нашата машина може да го реши проблемот со недостигот на вода во било која земја. Тоа е инстант решение, па владите не мора да потрошат десетици години за да направат некој голем проект“, вели Арие Кохави, основач на израелската компанија.
Water – Gen во овој момент изработува три големини на генератори за вода, а за секоја од нив е неопходно да биде приклучена на извор на енергија. На 80 степени Целзиусови и на 60% влажност, најголемиот генератор може да даде околу 3.100 литри вода дневно. Најмалиот генератор, што може да се користи во домашни услови или на работа, под исти услови, дневно може да даде околу 15 литри вода, додека оној со средна големина околу 450 литри вода.
Целта е Water – Gen да биде достапен во региони каде што нема вода за пиење, како и на локации што се со високи температури и голема влажност на воздухот.