Израелски старт – ап развива батерии за коли што се полнат за пет минути

101

Расте интересот за електрични возила во последните години, особено за капацитетот на батерии што им овозможува домет од над 500 километри со едно полнење.

Полнењето на батериите, исто така, е подобрено, посебно ако се користат специјални брзи полначи, но возачите на овие возила треба да поминат многу повеќе време на станица за полнење со струја, одошто на бензинска станица.

Израелскиот старт – ап StoreDot верува дека тоа наскоро ќе биде решено со нов вид на батерија што може да се наполни за пет минути.

Прототипот на батеријата којашто за StoreDot го изработува кинеската компанија EVE Energy, се разликува од традиционалните батерии бидејќи во анодата имаат металоидни наночестички наместо графит. Тоа, како што тврди StoreDot, е клучен исчекор во совладување на главните проблеми во безбедноста и подолгиот животен век на батериите. Понатаму, во иднина StoreDot планира за тие наночестички да користи сицилиум наместо германиум, што би ги направило батериите значително поевтини.

Фото: Freepik