Изум од Газа: Соларен уред прочистува по 10 литри вода дневно

45

Fayez-al-Hindi-Solar-Desalination-3-889x514

Појасот Газа се соочува со недостиг од вода за пиење, а дури 90% од водата, којашто им е на располагање на жителите, не е чиста.

Фајез ал Хинди од Газа создаде соларен уред за прочистување на водата, којашто од нечиста ја филтрира и истата може да се пие, пишува Inhabitat.

Тој направи резервоар во којшто нечистата вода се дестилира и од нејзе ќе се екстрахираат сите штетни материи и сол. Преку неговиот изум секојдневно се филтрираат околу 10 литри вода, што е доволно за пиење и готвење за едно семејство.

Многумина биле скептични околу тоа дали овој уред ја прочистува водата, па тамошните институции направиле испитување и потврдија дека процесот е безбеден, а водата чиста за пиење.

Иноваторот ал Хинди сега им помага на своите сограѓани да направат ваков систем и со тоа да имаат пристап до чиста вода секој ден.