Извлечени добитниците од наградната игра Вози Мини со три дисциплини на Халкбанк

21

halkbank

На шести овој месец, во просториите на Халкбанк, се одржа извлекувањето на добитниците од наградната игра Вози Мини со три дисциплини, стои во соопштението.

Наградната игра започна на 15-ти септември и официјално заврши на 30-ти ноември, а согласно однапред определените правила беше организирано извлекувањето на наградите со случаен избор по електронски пат преку посебен софтвер за таа намена.

Во присуство на тричлена комисија, како што се наведува, беа избрани добитниците на пет Samsung таблети, четири iPhone 7 телефони и главната награда Mini One автомобил.