Извлечени добитниците во третиот круг на Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети

55

unnamed

Над педесет награди беа доделени на третото извлекување од наградната игра на Кит-Го и Тера маркети, Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети што се одржа викендов во Кочани. На настанот, преку промоции, граѓаните ги анимираше водителот Жарко Димитроски, кој е и заштитното лице на оваа наградна игра. Наградите што беа доделени вклучуваат осум летувања на Тасос, Халкидики и Крф и патувања во Прага, Виена, Истанбул и Будимпешта, како и еден скутер, три велосипеди и четириесет вредносни ваучери од по 2.000 денари за пазарување во маркетите на Кит-го и Тера.

„Секојдневно нè радува сè поголемиот број учесници во наградната игра, Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети, во сите градови каде што се наоѓаат нашите продажни објекти. За тоа, би сакал да ја искажам нашата благодарност, на довербата и лојалноста што нашите потрошувачи ја покажаа кон Кит-Го и Тера маркети. На најсреќните би сакал да им честитам за добиените награди, а на сите останати учесници во наградната игра да им порачам да бидат дел од главното извлекување што ќе се одржи на 1 октомври во Штип“, изјави Александар Попов, комерцијален директор на Кит-Го маркети.

Добитниците на наградите од ова извлекување во Кочани ќе бидат објавени на Facebook фан страницата, како и во сите продажни објекти на Кит-Го и Тера маркети, во понеделник на 22 август.

Наградната игра Купувај и добивај со Кит-Го и Тера маркети продолжува и понатаму, следи големото, главно извлекување на 1 октомври во Штип. Сите недобитни летоци од самиот почеток на оваа наградна игра се пласираат директно во главното извлекување и продолжуваат да се натпреваруваат за голем број вредни награди, и секако за главната награда, Опел Астра Седан 2016. Сите оние кои сакаат да учествуваат во оваа наградна игра, сè што треба да направат е со сметка од минимум 300 денари направена во било кој од маркетите на Кит-Го и Тера да подигнат купон, да соберат пет такви исти купони, да ги залепат на летокот и заедно со своите лични податоци да го остават во означените кутии што се наоѓаат во сите продажни објекти на Кит-Го и Тера маркети.