Извоз 2020 vs 2019: Во Австралија намален за 6,6%

67

Австралија во текот на минатата 2020 година оствари извоз од 254,3 милијарди долари, што претставува пад во висина од 6,6% во однос на 2019 година.

Вкупно 85,6% од извозот на Австралија беше насочен кон овие земји: Кина (43%), Јапонија (9%), САД (6,2%), Јужна Кореја (6,2%), Велика Британија (4,9%), Индија (3,4%), Нов Зеланд ((3,3%), Сингапур (2,6%), Тајван (2,6%), Хонгконг (2,2%), Виетнам (2,1%) и Индонезија (1,6%).

Според податоците на World’s top exports, 78,2% од извозот на Австралија е насочен кон азиските земји, додека 9,5% е наменет за европскиот пазар.

Рудата е најголем извозен производ на Австралија во 2020 година, носејќи ѝ на земјата 91,3 милијарди долари или 35,9% од вкупниот извоз на земјата.

Потоа следат минералните горива, вклучувајќи нафта со 65,4 милијарди долари и благородни метали со 19,6 милијарди долари.

Фото: Pexels