Извоз 2020 vs 2019: Во Јапонија намален за 9,1%

33

Јапонија во текот на минатата 2020 година оствари извоз во висина од 641,4 милијарди долари, што претставува намалување од 9,1% во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 60,5% од извозот на Јапонија беше за азиските земј, додека 21% наменет за северноамериканските увозници. Јапонија во текот на минатата година на европскиот пазар пласираше 12,9% од вкупниот извоз.

Најголем извозен адут на Јапонија во пандемиската 2020 година беа возилата со 19,1% во вкупниот удел или 122,6 милијарди долари. На второ место се најдоа машини и компјутери со 19% удел и заработка од 121,8 милијарди долари, додека електрична опрема од Јапонија е извезена во вредност од 102,6 милијарди долари или 16% од вкупниот извоз.

Извозот на благородни метали беше меѓу најбрзорастечките категории на извоз на Јапонија и тоа со скок од 15,9% во 2020 во однос на 2019 година.

Од друга страна, најголем пад од 21,6% има кај бродоградбата.

Фото: Pexels