Извоз 2020 vs 2019: Во Швајцарија зголемен за 1,5%

64

Швајцарија во текот на 2020 година реализираше продажба на странски пазари во висина од 319 милијарди долари, што е за 1,5% повеќе во однос на 2019 година.

Податоците на World’s top exports покажуваат дека 74,4% од извозот на Швајцарија беа наменети за: САД (22,9%), Германија (15,4%), Кина (5,5%), Велика Британија (5,3%), Франција (5,2%), Италија (4,9%), Индија (3,75), Австрија (2,6%), Шпанија (2,5%), Јапонија (2,4%), Сингапур (2,1%) и Холандија (2,1%).

Најголем дел од извозот на Швајцарија заврши на европско тло, односно 47,7%, додека 24,6% насочени кон Северна Америка, додека на азискиот континент извозот беше 24,3%.

Фармацевтските производи имаат најголем удел во извозот на Швајцарија, којшто лани изнесува 88,2 милијарди долари или 27,6% од вкупниот извоз. Потоа следува извозот на благородни метали со 86,2 милијарди долари и органски хемикалии со 25,4 милијарди долари.

Извозот на органски хемикалии забележа најголем пораст и тоа од 15,5% во однос на 2019 година. Од друга страна, најголем пад во извозот од Швајцарија има кај часовните и тоа за 16,6%.

Фото: Pexels