Извоз 2020 vs 2019: Во Велика Британија намален за 14,2%

14

Велика Британија минатата 2020 година ја заврши со извоз во вредност од 401,9 милијарди долари, што е 14,2% помалку во однос на 2019 година.

Податоците на World’s top exports покажуваат дека 68,4% од производите на Велика Британија се извезени во: САД (14,8%), Германија (10,5%), Ирска (7,1%), Холандија (6,4%), Франција (6,1%), Швајцарија (5%), Кина (4,8%), Белгија (3,5%), Шпанија (2,8%), Италија (2,8%), Хонгконг (2,7%) и Канада (1,9%).

Вкупно 54,1% од извозот на Велика Британија е наменет за европскиот пазар, додека 46,1% кон земјите членки на Европската унија, додека 21,2%  на азискиот пазар.

Велика Британија има популација од 67,3 милиони жители, а со извоз од 401,9 милијарди долари, по глава жител отпаѓаат околу 6.000 долари.

Најголем извозен адут на Велика Британија лани беа компјутерите со удел од 15% или вредност од 60,4 милијарди долари. Потоа следат благородните метали со 43,3 милијарди долари и возила со 36,4 милијарди долари.

Фото: Pexels