Извозниците на чоколадо од ЕУ го зголемија извозот за една третина во последната деценија, Германија лидер

15

Во 2023 година, членките на ЕУ извезоа 867.000 тони чоколадо во земји надвор од ЕУ (не-ЕУ). Ова претставува зголемување од 2 отсто во однос на 2022 година (852.000 тони) и 35 отсто зголемување во однос на 2013 година (643.000 тони).

Најголем извозник на чоколадо и чоколадни плочки во земјите надвор од ЕУ беше Германија со 221.000 тони или 26 отсто од вкупниот извоз, а потоа следат Холандија (123.000 тони или 14 отсто), Полска (115.000 тони или 13 отсто), Белгија (96.000 тони) или 11 отсто) и Италија (92.000 тони или 11 отсто).

Така, тие 5 земји на ЕУ се одговорни за три четвртини од вкупниот извоз на чоколадо и чоколадни плочки од ЕУ во земји надвор од ЕУ.

Меѓународна трговија со чоколадо во 2023 година

Првите 5 извозни партнери надвор од ЕУ беа Обединетото Кралство (Велика Британија и Северна Ирска), водечки со 315.000 тони (36 проценти).

Следат Соединетите Американски Држави со 72.000 тони (8 отсто), Русија со 65.000 тони (7 отсто), Канада со 31.000 тони (4 отсто) и Австралија со 27.000 тони (3 отсто).

Увозот надвор од ЕУ доаѓа главно од Швајцарија, која е лидер со 62.000 тони (36 отсто), потоа Обединетото Кралство со 61.000 тони (36 отсто), Украина со 22.000 тони (13 отсто), Турција со 7.000 тони (4 проценти) и Норвешка со 3.000 тони (2 проценти).