Извозот на делови за авиони на земјава ѝ донесе 1,5 милиони долари

150

Македонија е 88-ма земја во светот по извоз на делови за авиони, од чиј извоз лани инкасираше 1.517.000 долари или 225,5% повеќе во споредба со 2018 година.

На глобално ниво, извозот на делови за авиони во 2019 година достигна вредност од 88,5 милијарди долари, што е намалување од 5,4% во однос на 2018 година.

Според податоците на World’s top exports, најголем удел во извозот има Велика Британија со 18% и 16 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на делови за авиони се и: Германија (10,8 милијарди долари), Франција (9,4 милијарди долари), Сингапур (6,6 милијарди долари) и САД (6,5 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз имала Бугарија со 33,9 милиони долари. Потоа следуваат: Хрватска (30,4 милиони долари), Грција (29,3 милиони долари), Словенија (14,2 милиони долари) и Србија (9,4 милиони долари).

Фото: Freepik