Извозот на Германија лани намален за 9,3%

36

Извозот на Германија во 2020 година е намален за 9,3% поради пандемијата, покажуваат податоците на официјалната статистика.

Податоците покажуваат намалување на побарувачката за германски производи на крајот на 2020 година. Во декември извозот е зголемен за 0,1% во однос на ноември, кога имаше пораст од 2,3%.

“Почетното закрепнување по карантинот спласнува“, рекол Клаус Вистесен, главе економист за еврозоната.

Ублажување на мерките за сузбивање на пандемијата на средината на минатата година даде голем поттик за германската економија, но вториот и поголем бран од пандемијата резултираше со нови мерки и економска неизвесност.

Увозот на Германија во 2020 година се намали за 7,1% во однос на една година претходно.

Во декември увозот во најголемата европска економија е намален за 0,1% во однос на еден месец претходно, кога имаше пораст од 5,4%. Трговскиот суфицит на Германија во декември достигна 16,1 милијарда евра.

Индустријата била клучниот сектор за германската економија.

Фото: Freepik