Извозот на Исланд лани “замрзна“ за 12,2%

6

Исланд во текот на минатата година имаше извоз во вредност од 4,6 милијарди долари, што претставува пад од 12,2% во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 85,2% од производите извезени од Исланд се насочени кон: Холандија (20,2%), Шпанија (17,3%), Велика Британија (11,1%), Франција (8,1%), САД (7,6%), Германија (5,5%), Норвешка (4,2%), Данска (2,8%), Полска (2,5%), Португалија (2,2%), Кина (2%) и Белгија (1,7%).

Најголем извозен адут на Исланд е рибата, чиј извоз лани имаше удел од 42% и на земјата ѝ донесе 1,9 милијарди долари. Потоа следат: алуминиум (1,6 милијарди долари), челик (143,7 милиони долари), отпад од храна (118 милиони долари), месо и морски плодови (109,2 милиони долари)…

На Исланд живеат 364.000 лица, па по глава жител извозот во 2020 година изнесуваше 12.600 долари.

Фото: Pexels