Извозот на Канада намален за 12,5% во 2020 година

19

Канада во текот на минатата година извезе производи во вредност од 390,8 милијарди долари, што претставува пад од 12,5% во однос на 2019 година.

Податоците со коишто располага World’s top exports покажуваат дека 91,4% од извозот на Канада беше насочен кон пазарите на: САД (73,5%), Кина (4,8%), Велика Британија (3,8%), Јапонија (2,4%), Германија (1,2%), Мексико (1,2%), Холандија (1%), Јужна Кореја (0,9%), Франција (0,7%), Италија (0,7%), Индија (0,7%) и Норвешка (0,5%).

Анализирано по континенти, најголем дек од извозот на Канада е за Америка и тоа 74,6%, а кон азиските пазари 12,3%, додека во Европа тој има удел од 10,1%.

Бидејќи Канада има популација од 38 милиони жители, кога ќе се подели вредноста на извозот, тој по глава жител достигнува 10.300 долари.

Минералните суровини и нафта имаат најголем удел во вкупниот канадски извоз и тоа 17,7% или 69,1 милијарда долари. Потоа следуваат возилата со 46,5 милијарди долари, па компјутери со 28,9 милијарди долари, благородните метали донесоа 23 милијарди долари и дрвото 13,5 милијарди долари.

Фото: Pexels