Извозот на Кина за два месеци “скокна“ за над 60%

16

Кинескиот извоз на производи, во текот на јануари и февруари оваа година, се зголеми за 60,6%, во однос на истиот период лани, откако фабриките повторно почнаа со работа.

Извозот на Кина се зголеми за 468,9 милијарди долари, што претставува пораст што не го предвиделе ниту експертите за економија.

Во исто време, забележан е пораст и на увозот и тоа за 22,2% на 365,6 милијарди долари.

Извозот во САД се зголеми за 87,3% во првите два месеци од оваа година иако поранешниот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз Кина, којашто оствари приходи од 80,5 милијарди долари.

Фото: Pexels