Извозот на македонско грозје во Русија зголемен за четири пати

22

634226595099762472_grozdjeМакедонија за четири пати го зголеми извозот на грозје на рускиот пазар и со тоа го зазеде 14. место меѓу земјите од кои Русија увезува грозје, се вели во бизнис порталот Росинвест.

Во 2012, од Македонија во Русија, биле извезени 1.422  тони трпезно грозје во вредност од 871.000 евра. Од истата количина повеќе од половина или 60% се извезени само во октомври.

Македонија претходно го заземаше 17. место на листата на земји од кои Русија увезува грозје. Минатата година вкупната размена со Русија изнесуваше 393,5 милиони долари, од кои увоз е 360,3, а извозот 33,14 милиони долари.