Извозот на најмоќната европска економија лани се намали за 7,3%

35

Најмоќната европска економија, Германија во текот на минатата година оствари продажба на странски пазари во висина од 1.378 милијарди долари, што е 7,3% помалку одошто во 2019 година.

Податоците на World’s top exports покажуваат дека 66% од извозот на Германија беше насочен кон: САД (8,6%), Кина (8%), Франција (7,5%), Холандија (6,5%), Велика Британија (5,5%), Полска (5,4%), Италија (5%), Австрија (4,8%), Швајцарија (4,7%), Белгија (3,6%), Чешка (3,3%) и Шпанија (3,1%).

Анализарано по континенти, 66,1% од извозот на Германија беше насочен кон Стариот континент, а 19,1% кон Азија, додека во САД уделот е 10,3%.

Германија има 83,2 милиони жители, а со извоз од 1.378 милијарди долари, по глава жител достигнува 16.600 долари.

Над 17% од вкупниот германски извоз отпаѓа на компјутери (236,3 милијарди долари), по што следат возила со 211 милијарди долари, опрема со 51,7 милијарди долари, фармацевтски производи со 97,7 милијарди долари и медицински апарати со 74,5 милијарди долари.

Фото: Pexels