Извозот на Нов Зеланд лани намален за 2,1%

43

Нов Зеланд минатата година извезе производи во вредност од 37,4 милијарди долари, што претставува намалување од 2,1% во споредба со 2019 година.

Податоците на World’s top exports покажуваат дека 58,4% од извозот на Нов Зеланд во 2020 година беше наменет за азискиот пазар, додека 14,6% кон Австралија, а кон Северна Америка 12,2%. На европско тло Нов Зеланд испорача производи во висина од 10,1%.

Со популација од пет милиони жители, извозот во Нов Зеланд по глава жител е 7.500 долари.

Вкупно 28,5% од извозот на Нов Зеланд или 10,6 милијарди е од млеко, јајца и мед. На второ место е извозот на месо во вредност од 5,2 милијарди долари, по што следат: дрво (2,9 милијарди долари), овошје и јаткасти плодови (2,5 милијарди долари) и производи од житарки (1,6 милијарди долари).

Фото: Pexels