Извозот на електронски компоненти минатата година достигна 720,5 милијарди долари. Над 18% од вкупниот извоз отпаѓа на Хонг Конг, којшто лани од извоз на електронски компоненти инкасираше 134,5 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници се и: Кина (102,2 милијарди долари), Тајван (100 милијарди долари), Јужна Кореја (79 милијарди долари) и Сингапур (76,9 милијарди долари).
Бугарија е најголем извозник на електронски компоненти од земјите во регионот, со 251,7 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (25 милиони долари), Грција (17,8 милиони долари), Хрватска (14 милиони долари), Србија (7,9 милиони долари) и Босна и Херцеговина (1,6 милиони долари).
Македонија е 103-та во светски рамки со извоз на електронски компоненти од 231.000 долари.
Фото: Pixabay