Извозот на ретки метали од Кина намален за над 21%

22

Кинескиот извоз на ретки метали во САД се намали за 21,2% во ноември, во споредба со претходниот месец, пренесува Reuters.

Како причина за тоа се наведува подобрување на трговските односи меѓу двете земји што ја намали потребата увозниците да прават залихи.

Минатиот месец во САД пристигнале 376 тони ретки метали, коишто имаат широка примена во производство на медицински уреди, електроника за широка потрошувачка и воена индустрија. Оваа бројка е за 3,2% помала во однос на истиот период лани.

Американската војска планира да складира ретки метали што го користи во производство на ракети и борбени авиони.

Инаку, Кина е водечки светски производител на ретки метали. Вкупниот извоз на овие метали во земјите ширум светот минатиот месец достигна околу 2.800 тони, што е за 6,5% помалку во споредба со претходниот месец и за 10,4% помалку во однос на истиот период лани.

Ретките метали од Кина најчесто се пласираат на германскиот пазар, каде Кина во ноември извезе 672 тони, а еден месец претходно 708 тони, што е највисоко ниво од 2016 година.

Фото: Pexels