Извозот на руска нафта падна за 4,8% од јануари до крајот на октомври

32

Извозот на сурова нафта од Русија е за 4,8 отсто помал во периодот јануари-октомври годинава во однос на 10-те месеци од 2020 година и изнесува 186,1 милиони тони, соопшти денеска Централниот диспечерски оддел на енергетскиот комплекс за горива.

Русија учествува во договорот на групата ОПЕК + за ограничување на производството на сурова нафта, поради што се намалени испораките за други земји, потсетува агенцијата Тасс.