Извозот на Сингапур лани намален за над 4%

25

Сингапур, град – држава сместен во југоисточна Азија, во текот на минатата година имаше извоз во вредност од 374,2 милијарди долари, што претставува пад од 4,1% во споредба со 2019 година.

Податоците на World’s top exports покажуваат дека 77,9% од извозот на Сингапур е наменет за овие пазари: Кина (13,8%), Хонгконг (12,4%), САД (10,7%), Малезија (8,9%), Индонезија (5,7%), Тајван (4,9%), Јапонија (4,8%), Јужна Кореја (4,5%), Тајланд (3,8%), Виетнам (3,3%), Холандија (2,7%) и Индија (2,5%).

Од континентална перспектива, 71% од извозот на Сингапур е насочен кон азиските земји, додека 11,4% кон Северна Америка, а кон европските пазари 10,6%.

Во Сингапур живеат 5,77 милиони жители, па вкупниот извоз распореден по глава жител изнесува 64.900 долари.

Над 35% од извозот се однесува на електроника и опрема, чија вредност достигна 132,2 милијарди долари. Потоа следат: компјутери (58,2 милијарди долари), минерални горива и нафта (30,3 милијарди долари), оптичка и медицинска опрема (20,8 милијарди долари) и благородни метали (20,3 милијарди долари).

Фото: Pexels