Извозот на сирова нафта лани се намали за 34,5%

39

Извозот на сирова нафта минатата година достигна вредност од 661,8 милијарди долари, што претставува намалување од 34,5% во однос на 2019 година.

Најголем извозник на сирова нафта, на глобално ниво, во 2020 година, беше Саудиска Арабија. Земјата покрива 17,2% од вкупниот извоз на сирова нафта и тоа на арапската земја ѝ донесе 113,7 милијарди долари.

Според податоците на World’s top exports, меѓу најголемите извозници на сирова нафта лани беа и: Русија (72,6 милијарди долари), Ирак (50,8 милијарди долари), САД (50,3 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (47,9 милијарди долари), Канада (47,6 милијарди долари), Кувајт (28,3 милијарди долари), Нигерија (25,2 милијарди долари), Казахстан (23,7 милијарди долари) и Норвешка (22,7 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на сирова нафта е Хрватска (41-ва) со 635,2 милиони долари, што е пораст од 777,5% во однос на 2019 година. Албанија е 57-ма во светски рамки со извоз од 145,1 милион долари, Грција е 74-та со 17,2 милиони долари, Босна и Херцеговина е 92-ра со 486.000 долари, Србија е 93-та со 132.000 долари и Словенија е 95-та со 12.000 долари вреден извоз на сирова нафта во 2020 година.

Фото: Pexels