Извозот на Велика Британија лани намален за 14,2%

22

Велика Британија минатата година ја заврши со вкупен извоз од 401,9 милијарди долари или 14,2% помалку одошто во 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 68,4% од извозот на Велика Британија беше насочен кон: САД (14,8%), Германија (10,5%), Ирска (7,1%), Холандија (6,4%), Франција (6,1%), Швајцарија (5%), Кина (4,8%), Белгија (3,5%), Шпанија (2,8%), Италија (2,8%), Хонгконг (2,7%) и Канада (1,9%).

Од континентална перспектива, 54,1% од извозот на Велика Британија беше насочено кон европските земји, во споредба со 46,1% кон земјите членки на Европската унија.

Најголем удел од 15% има извозот на компјутери и машини од што Велика Британија инкасираше 60,4 милијарди долари. Потоа следат благородните метали со 43,3 милијарди долари, возилата со 36,4 милијарди долари, минералните горива со 26,4 милијарди долари, електрична опрема со 25 милијарди долари.

Фото: Pexels