Извозот се зголеми за 8 %, а увозот за 7.7 % во првото полугодие од 2026 година

Според податоциte на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2026 година, вкупната вредност на извозот достигна 268 993.7 милиони денари (околу 4.36 милијарди евра), што претставува пораст од 8.0 % во споредба со истиот период од изминатата година.

Вредноста на увезената стока во истиот период изнесува 377 116.5 милиони денари (околу 6.11 милијарди евра), со остварен раст од 7.7 % на годишно ниво.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2026 година, изнесува 268 993.7 милиони денари и бележи пораст од 8.00 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2026 година, изнесува 377 116.5 милиони денари, што е за 7.69 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – јуни 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат   со 50.0 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.5 % во вкупната размена.

Извоз јануари – јуни 2026 година во однос на јануари – јуни 2025 година

  • 268 993.7 милиони денари: +8.0 %
  • 4 361.5 милиони евра: +7.9 % 
  • 5 085.9 милиони САД долари: +14.9 % 

Увоз јануари – јуни 2026 година во однос на јануари – јуни 2025 година

  • 377 116.5 милиони денари: +7.7 %
  • 6 114.8 милиони евра: +7.6 % 
  • 7 131.7 милиони САД долари: +14.7 %Фото: Gemini