Извозот во 2019 година порасна за 9,5%, а увозот за 10%

32

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 6.433.300.000 евра и бележи пораст од 9,5% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8.441.049 илјади евра, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 2.007.749.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2019, изнесува 76,2%. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот.

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба. Во периодот јануари – декември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Фото: Pexels