Извршен директор си даде оставкa: Таа функција не е за мене, асоцијален сум

Извршниот директор и коосновач на кинеската компанија ByteDance, сопственик на социјалната мрежа TikTok, најави дека ќе поднесе оставка и ќе премине на нова позиција до крајот на годината.

Жанг Јиминг во писмото до вработените наведе дека ќе го наследи колегата Рубо Лианг, исто така, коосновач на компанијата.

Овој потег претставува најголем шок за кинескиот технолошки гигант, од неговото лансирање пред скоро 10 години. Популарноста на TikTok му помогна на ByteDance да стане глобална сензација, иако компанијата подолго време беше и под “будното око“ на САД, бидејќи апликацијата за кратки видеа беше обвинета за шпионажа.

“Вистина е дека ми недостигаат некои социјални вештини што ги поседува идеален менаџер. Јас сум позаинтересиран да ги анализирам организациските и пазарните принципи и да ги користам овие теории за понатамошно намалување на работата на раководството, отколку во управувањето со луѓето“, пишува Јиминг во пораката.

Кинескиот претприемач (38), чие нето богатство според Forbes во 2021 година се проценува на 36 милијарди долари, исто така, рече дека тој “не е премногу социјален тип“ и дека претпочита да комуницира преку Интернет, да чита, да слуша музика и да размислува за понатамошни можни планови.

Фото: Freepik