Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

11

fcp_8690

Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија потпишаа Меморандум со којшто извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата – приматели на социјална помош, стои во соопштението.

“Потпишувањето на Меморандум со Комората на извршители е со единствена цел – да ги заштитиме правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што ќе спречиме да се блокираат нивните сметки“, изјави Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Потписниците се согласни да ги применуваат највисоките стандарди за етичко и законско однесување за време на реализација на овој меморандум и се обврзуваат да обезбедат систем за заштита на податоците од неовластено користење и злоупотреба.