Извршни директори во САД лани зеле 254 пати поголема плата од нивните вработени

24

Фото: Pixabay

Додека милијардерот Ворен Бафет заработува седум пати повеќе од просечната плата во неговата компанија Berkshire Hataway, извршниот директор на Tesla, Илон Маск е платен 40.668 пати повеќе од просечниот работник во неговата фабрика за производство на електрични автомобили, пишува Financial Times.

Анализата на компанијата Equilar покажува дека просечната плата на извршните директори во САД била за 254 пати поголема од просечната плата на вработените. Тоа претставува значаен пораст во однос на претходната година, кога соодносот бил 235:1, но таа година една третина од компаниите не ги објавиле примањата за своите шефови. Од стотина извршни директори, 11 заработуваат дури 1.000 пати повеќе од просечниот вработен.

Според податоците на Equilar, десетте најдобро платени извршни директори се: Марк Хурд од Oracle, Сафра Кац од истата компанија, Роберт Игер од Walt Disney, Џејмс Мурдок од Twenty First Century Fox, Мајл Нејдорф од Centene, Сатја Надела од Microsoft, Рендал Стефенсон од AT&T, Мајкл Корбат од Citigroup, Денис Муленбург од Boeing и Мајлс Вајт од Abbott Laboratories.