Извршниот директор на Apple: Поседувам криптовалути, но тоа не значи дека им ги препорачувам на другите

183

Тим Кук, извршен директор на Apple, откри дека инвестирал во криптовалути, објаснувајќи дека верува дека е разумно да се поседуваат криптовалути во разновидно портфолио.

Кук, кој зборуваше на конференцијата DealBook организирана од Њујорк Тајмс,  додаде дека неговото одобрување на криптовалутите не е „инвестициски совет“.

На прашањето колку долго е заинтересиран за криптовалутите, Кук рекол дека е „заинтересиран веќе некое време“ и дека „истражува“, сугерирајќи дека е активно заинтересиран за пазарите на криптовалути и инвестициите. 

Кук откри дека Apple нема намера да вклучува криптовалути во својот бизнис и на тој начин  да ги следи некои други технолошки гиганти како Tesla, Facebook и Twitter, велејќи дека Apple не планира наскоро да ги направи криптовалутите прифатен начин на плаќање. „Тоа не е нешто што планираме да го направиме во моментов“, рече тој.