Извршниот директор на БМВ очекува недостигот на чипови да трае до 2023 година

82

Недостигот на полупроводници најверојатно ќе остане проблем за автомобилската индустрија до 2023 година, изјави извршниот директор на германскиот производител на автомобили БМВ, Оливер Зипсе.

„Сè уште сме на врвот на недостигот на чипови. Очекувам дека ќе видиме подобрување најдоцна следната година, но сепак ќе треба да се справиме со основниот недостаток и 2023 година“, изјави Зипсе во интервју за Neue Zuercher Zeitung.

Ројтерс потсетува дека BMW објави за време на годишниот брифинг за печатот на компанијата во средината на март дека очекува недостигот на чипови да трае до 2022 година.

Коментарите на Зипсе за недостигот на важни делови за модерни автомобили доаѓаат по слична изјава на финансискиот директор на Volkswagen во саботата, кој рече дека очекува понудата на чипови нема да може да ја задоволи побарувачката до 2024 година.