Извршниот директор на Фолксваген поднесе оставка

92

Директорот на автомобилската компанија „Фолксваген“ Херберт Дис поднесe оставка и на 1 септември ќе се повлече од функцијата, соопшти германската компанија.

Компанијата од Волфсбург, кој е дел од Фолксваген, соопшти дека Дис, кој беше назначен за директор во 2018 година, ќе се повлече од функцијата по заеднички договор со надзорниот одбор.

Дис беше директор во време на значителни промени во индустријата, вклучително и промена кон производство на повеќе електрични автомобили.

Претседателот на Надзорниот одбор на „Фолксваген“ Ханс Дитер Печ преку соопштение му се заблагодари на Дис и ја пофали неговата улога во забрзувањето на трансформацијата на компанијата.

„Не само што ја водеше компанијата низ екстремно турбулентни води, туку и спроведе фундаментално нова стратегија“, рече Пец.

На местото на Дис ќе дојде досегашниот директор на „Порше“, Оливер Блум.

Од „Фолксваген“ најавија и дека функцијата оперативен директор ќе ја преземе досегашниот финансиски директор Арно Антлиц.