Извршниот директор на Stellantis – Проблемите со снабдувањето со чипови ќе траат до крајот на 2023 година

53

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, се сретна со синдикатите и одржа прес-конференција во Торино.

Извршниот директор на Stellantis очекува синџирот на снабдување со полупроводници да биде проблематичен до крајот на следната година.

– Ситуацијата ќе биде многу комплицирана до крајот на 2023 година, потоа ќе има промени – изјави Таварес. Тој додаде дека „производителите на полупроводници имаат интерес повторно да соработуваат со автомобилски компании, особено сега кога ги зголемуваат цените“.

Во текот на изминатите неколку години, недостигот на полупроводнички чипови, меѓу другите фактори поради влијанието на пандемијата, ги принуди светските производители на автомобили да ги откажат плановите за производство на милиони автомобили. Недостигот сега се намалува, но има и нови трошоци за автомобилските компании.

Во Франција, недостигот продолжува да тежи на продажбата на производителите. Регистрациите на нови автомобили се зголемија за 5 отсто минатиот месец. Сепак, според новите податоци, бројот на нови регистрирани автомобили е намален за околу 12 отсто од почетокот на годинава.