J.P. Morgan ја купува InstaMed за половина милијарда долари

21

Фото: Pixabay

Инвестиционата банка J.P. Morgan Chase ја купува компанијата InstaMed, што претставува платформа за плаќање, поврзување на добавувачи и клиенти за медицински и платежни трансакции, пишува CNBC.

J.P. Morgan ќе одвои повеќе од 500 милиони долари за оваа компанија во којашто работат повеќе од 300 вработени.

На овој начин, банката влегува во пазар за трошоци за здравствена заштита, што вреди 3,5 илјади милијарди долари.