Автомобилскиот бренд Ford активно ја поддржува манифестацијата Beach Run, која се одржува секој викенд во текот на јули под мотото Ја трчаме Македонија заедно со Ford.
И утре, сите заинтересирани, може да учествуваат во трката на крајбрежјето на Преспанското езеро. На оваа манифестација учествуваат граѓани кои се грижат за своето здравје и се свесни за потребата од заштита на животната околина.
Со вклучувањето кон манифестацијата, велат од компанијата Ми-Да Гранд Моторс, Ford ја продолжува традицијата на поддршка на активности кои ја промовираат екологијата и активниот начин на живеење, согласно својата филозофија. Во своите возила, Ford веќе ги вградува најеколошките фордови мотори EcoBoost и EcoBlue, со најмала емисија на јаглерод диоксид. Компанијата даде активна поддршка и во реализација на манифестацијата Прв до врв, каде исто така се промовираат здравиот начин на живеење и заштитата на животната средина.
Манифестацијата Beach run, на почетокот на јули се одржа во Скопје, а наредните викенди ќе се одржи во Дојран, Маврово и Охрид. Во трките на 5 километри може да учествува секој што сака да се натпреварува на една, неколку или на сите трки. Организаторот ги наградува најбрзите тројца во машка и женска конкуренција, а сите натпреварувачи кои успешно ја истрачале трката ќе освојат поени според постигнатото место и тие ќе служат за формирање рејтинг табела и одредување на победникот во серијата.