Jaguar Land Rover ги избра Kuehne + Nagel за имплементација на европската логистичка стратегија за резервни делови

20

kn-1

Фото: Kuehne + Nagel

Jaguar Land Rover, произведувач на премиум и луксузни автомобили, ги назначи Kuehne + Nagel да менаџираат три магацини во Франција, Шпанија и Италија, да ја опслужуваат континентална Европа. Новиот договор вклучува управување со контролната кула и контакт центрите за клиенти за трговците на мало со Jaguar Land Rover во регионот.

Европските резерви се од големо значење. Jaguar Land Rover го консолидираше својот синџир на снабдување во стабилна логистика, со иновативни процеси, вклучувајќи и надграден Систем за управување со магацини (WMS). Овој синџир на снабдување ќе поддржи повеќе од 400 Jaguar Land Rover продавници низ континентална Европа.

Доминик Едмондс, потпретседател за логистика во Западна Европа за Kuehne + Nagel изјави: “Овој нов бизнис е од голема важност за Kuehne + Nagel, и од регионална и од глобална перспектива, затоа што ни овозможува да бидеме партнери со Jaguar Land Rover и да го зголемиме нашето присуство во еден од нашите главни фокуси, услуги во делот на логистика со резервни делови. Со нетрпение очекуваме да го поддржиме Jaguar Land Rover во оваа трансформација на снабдувачкиот синџир. Изборот на Jaguar Land Rover на Kuehne + Nagel го сфаќаме како демонстрација на доверба во испорака на независно, персонализирано и високо професионално тешничко решение, заедно со сеопфатна имплементација и план за транзиција.”

Со повеќе од 70.000 вработени на преку 1.300 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на https://home.kuehne-nagel.com/.