Jaguar Land Rover прави седишта кои симулираат одење

36

Овие седишта би требало позитивно да влијаат на здравјето и кондицијата на нашето тело. Голем број возачи по подолго патување чувствуваат болки во лумбалниот дел од ‘рбетот и рамењата. Стручњаците советуваат чести паузи во текот на подолгите делници, со цел да се избегнат воспалувања и повреди, кои настануваат поради неудобните седишта.

Конструкторите на компанијата Jaguar Land Rover смислија нов тип на автомобилски седишта. Иновативниот производ го стимулира движењето на мускулите како оние кои настануваат во текот на одењето.

Седиштето во моментов се тестира во одделението на компанијата задолжено за производство на ентериерот на возилото. За време на возењето истото се движи со цел да создаде вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците на Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина луѓе на планетата (околу, 1,4 милијарди) премногу време поминува во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформитет на колковите и ‘рбетот. Професионалните возачи особено се загрозени од овој ризик, бидејќи работниот ден го минуваат зад воланот во подолг временски интервал.

Jaguar Land Rover сака да го подобри здравјето на своите клиенти

Иновативната технологија е дел од проектот Destination Zero, со којшто Jaguar Land Rover сака да го унапреди здравјето на своите клиенти. Истражувањето е насочено кон пронаоѓање на решение кое ќе ја унапреди сообраќајната култура со елиминација на штетните гасови, несреќи и гужви на патиштата. Стручњаците од компанијата претходно работеа на укинување на мачнините за време на возењето. Со користењето на ултравиолетови зраци спречуваа ширење на вируси и настинки.

“Здравјето на нашите клиенти и вработени е во фокусот на истражувачкиот проект на компанијата Jaguar Land Rover. Ги користиме сите расположливи знаења за да направиме идеално седиште, кое ќе спречи ревматски заболувања кај клиентите. Користиме иновативна технологија која до денеска не најде примена во автомобилската индустрија. Со тоа сакаме да спречиме здравствени проблеми кои погодуваат огромен процент од светската популација“, објасни главниот доктор на компанијата Стив Ајли.

Преземено од Avtoplus.mk