Jaguar во потрага по партнер за ЕВ платформа

41

Извршниот директор на Jaguar Land Rover, Тиеро Болор, потврди дека брендот ќе побара снабдувач за целосно електричните возила (ЕВ) на Jaguar.

Во обид да ја обезбеди долгорочната иднина на Jaguar, британскиот производител Jaguar Land Rover потврди дека брендот ќе произведува исклучиво електрични возила од 2025 година. Планот на JLR е за сите идни Jaguar модели да има една заедничка електрична архитектура, но се досега беше нејасно од каде ќе дојде таа платформа.

Во разговор со неколку финансиски аналитичари, Болор истакна дека за Јaguar е мошне скапо да развие своја сопствена платформа, со оглед на тоа дека ќе остане производител на помал број возила и веројатно ќе произведе помалку од 103.000 автомобили колку што продаде минатата година, пренесува Auto News.

“Природно, постои голем апетит да се работи со нас“, изјави Болор, додавајќи и дека брендот разговара „со неколку компании“ околу користење на веќе постоечка електрична платформа.

Извршниот директор на компанијата исто така вели дека изборот на партнер и платформа ќе биде диктиран од дизајнот на идните Јaguar модели, истакнувајќи дека “платформата мора да ги почитува пропорциите на дизајните“.

“Големите дизајни започнуваат со волумен на пропорции и јасно е дека Jaguar ќе има едни значително поинаков обем на пропорции во споредба со Land Rover. Поради тоа, потребно е да ги погледнеме можностите кои постојат кога станува збор за архитектурата која ќе можеме да ја преработиме или прилагодиме со цел да добиеме спектакуларни Jaguar модели“, изјави дизајнерскиот шеф на JLR Гери Мекговерн.

Интереснo, Болор откри и што ќе се случи ако Jaguar не успее да најде снабдувач со ЕВ платформа.

“Можно е и да си развиеме наша платформа, но ќе мора да биде водена од дизајнот. Нема поента да го правиме ова што го правиме со Jaguar, ако тие производи не се спектакуларни и величествени“.