Јака 80 Радовиш прокнижи загуба од 7,3 милиони денари

22

jaka 80 radovis

Компанијата Јака 80 од Радовиш оствари загуба од 7.335.000 денари во првото тримесечје од оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 7.293.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од оваа година се на ниво од 11.055.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 10.705.000 денари, додека остатокот од 350.000 денари е реализиран на странски пазари.