Јака од Радовиш за три месеци прокнижи добивка од 2,9 милиони денари

33

jaka-80-radovis

Фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, работеше со добивка од 2.947.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 14.836.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првиот квартал од 2017 година достигнаа 21.658.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се остварени 9.553.000 денари, додека поголемиот дел од 12.105.000 денари е реализиран преку извоз.