Јапонците не ја напуштаат Русија: Се повлекоа помалку од три отсто од компаниите

25

Помалку од три отсто од јапонските компании кои работат во Русија решија да се повлечат од таа земја по почетокот на конфликтот во Украина.

Ова е најнискиот процент меѓу земјите-членки на Групата седум индустриски развиени земји (Г7), според неодамнешното истражување на Факултетот за менаџмент Јеил во САД.

Значителен број јапонски компании беа претпазливи да ја напуштат Русија, а многумина престанаа да работат само со надеж дека ќе продолжат со тоа во иднина, покажа истражувањето, пренесува Kyodo.

Само четири од 168 јапонски компании кои работат во Русија, или 2,4 отсто, решиле да ги затворат своите операции во земјата до 19 јуни, покажува анализата на јапонската компанија Teikoku Databank.

Процентот е значително помал од околу 48 отсто од британските, 33 отсто од канадските и 29 отсто од американските компании, кои најавија повлекување од Русија, според Kyodo.

Италија го има вториот најмал удел во повлекувањето на компаниите од Русија со околу пет проценти, покажа истражувањето.

„Разликата е во тоа што јапонските компании однапред не формулирале детални планови за повлекување“, изјави функционерот на Teikoku Databank, коментирајќи ги резултатите од истражувањето, пренесува јапонската агенција.