Јапонија: Рекорден трговски дефицит во октомври

36

Јапонија во месец октомври забележа трговски дефицит, четири месеци по ред, откако должничката криза и напнатите односи со Кина го намалија извозот.

Министерството за финансии објави дека увозот го надминал извозот за 6,7 милијарди долари, што е најголем дефицит од 1979 година, кога министерството почнало да ги бележи овие податоци.

Минатиот месец извозот е намален за 6,5% во однос на истиот период минатата година, на 62,9 милијарди долари, додека увозот паднал за 1,6%.

Јапопнија со години наназад бележеше огромен трговски суфицит, често предизвикан од трговските размени со САД. Од минатата година, пак, редовно бележи дефицити, затоа што компаниите почнаа да го префрлуваат производството во странство. Дополнителен проблем е и силниот јен, кој го поскапе производството.