Јапонија: Секој месец банкротираат стотина компании

35

Во Јапонија за една година банкротираа над 1.000 компанија, а како причина за тоа се наведуваат последиците што ги остави пандемијата.

Според податоците, најтешко е погоден угостителскиот сектор во којшто банкротираа 159 компании.

Во истиот период, клуч на врата ставиле и 85 градежни компании, како и 78 хотели и пансиони.

Поради последиците од пандемијата, во Јапонија секој месец згаснуваа стотина фирми.