Јапонија со луксузни маски се бори против пандемијата

50

Јапонските трендесетери може да се штитат против коронавирусот со висок стил. За заштитна маска украсена со дијаманти и бисери, подготвени се да платат десетина илјади долари.

Компанијата Cox Co’s Mask.com минатата недела почна со продажба на рачно изработени маски за да ги израдува луѓето и да го поттикне прометот во модната индустрија.

Дијамантските маски се украсени со дијаманти од 0,7 карати со повеќе од 300 Swarovski кристали, а маските со бисери се накитени со околу 300 јапонски бисери.

Компанијата, како што пренесува Ројтерс, нуди повеќе од 200 различни модели на маски.

Досега најскапата маска на светот чинела 1,5 милиони долари, а е изработена од 18-каратно злато и тежи 250 грама.

Фото: Freepik