Јапонија: Вработените во Microsoft за 40% поефикасни кога работеле четири дена неделно

42

Компанијата Microsoft летово во Јапонија спроведе програма за четиридневна работа недела наречена Work Life Choice Challenge. Во август компанијата ги затвораше своите канцеларии во петок, давајќи им на своите вработени екстра ден одмор.

Според добиените резултати, продуктивноста, односно остварена продажба по вработен, се зголемила за 40% споредено со истиот период лани, пишува CNN.

Освен намалување на работните часови, менаџерите им сугерирале на вработените да го скратат времето поминато во состаноци и одговарање на мејлови.
Нивниот предлог бил состанокот да не трае повеќе од 30 минути. Со затворање на компанијата еден ден порано, се скратиле и други трошоци како на пример, струјата.
Јапонија важи за земја со работна култура на “прегорување“. Луѓето многу често работат повеќе од што можат и смеат, а регистрирани се и неколку фатални случаи од премногу работа.
Фото: Pexels