Јапонска компанија ќе гради фабрика за индустриски роботи во Словенија

30

yaskawa

Управниот одбор на јапонската компанија Yaskawa планира да отвори фабрика за индустриски роботи во Словенија, пишува Дело.

Според словенечкиот премиер Миро Церар, одлуката на јапонската компанија ќе придонесе за отворање нови работни места, а е показател дека земјата има капацитет за таква инвестиција. Инвестицијата се проценува на околу 25 милиони евра.

Компаниите ќерки Yaskawa Slovenia и Yaskawa Ristro од градот Рибница, отворени во 1996 година, се во сопственост на јапонската компанија Yaskawa Electric Corporation, којашто е најголем светски производител на индустриски роботи.

Локацијата на којашто треба да се гради фабриката сè уште не е позната.